Македонците ќе патуваат во Босна и Херцеговина само со лични карти

- Advertisement -

По денешната посета на Македонија на претседавачот на советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, во заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев е најавено дека граѓаните на Македонија ќе можат да патуваат во БиХ само со лични карти, пренесува Фокус.

На нивната средба дополнително било договорено дека учениците од основното и средното образование, како и студентите од високото образование да се запишуваат под исти услови што важат во двете држави, а за плаќање на школарина да важат истите критериуми.

- Advertisement -

„Денеска Република Македонија и БиХ испратија уште една силна порака. Сериозно сме посветени на развивање пријателски односи во соседството и сплотен регион насочен кон европските перспективи. Покажавме дека сме подготвени да дејствуваме во правец на очекувањата на нашите граѓани кои не се разликуваат од очекувањата на Европа.“ изјавил Заев.

Звиздиќ во своето обраќање рекол дека дека двете земји се можеби најслични во регионот од Западен Балкан, земји со исти карактеристики, земји во кои живет повеќе народи, нации и религии. Тој уште додал дека се разговара за авионска линија која ќе ги поврзе главните градови на двете земји.

Сподели!
- Advertisement -