Почина светски познатиот генијалец Стивен Хокинг

- Advertisement -

Познатиот бритaнски теоретски физичар и светски генијалец Стивен Хокинг починал рано утрово во својот дом во Кембриџ на 76 години, јавуваат британските медиуми

Тажни сме поради смртта на нашиот татко. Тој беше голем научник и неверојатен човек чии дело и наследство ќе живеат со години“ стои во известувањето кое го објавиле неговите деца.

Хокинг е познат по придонесите кон космологијата и квантната гравитација, а својата научна работа посебно ја посвети на истражување на црните дупки во вселената преку која ги износува своите теории за универзумот.

- Advertisement -

Тој беше омилениот физичар на јавноста затоа што јасно говореше за мистериите на универзумот, времето и црните дупки, а ја напиша и популарната книга „Кратка историја на времето“ објавена во 1988 година, која стана меѓунареден бестселер.

Стивен Хокинг е роден во Оксфорд во 1942 година и заврши студии по физика на Универзитетот Оксфорд, додека пак докторската дисертација од областа на космологијата ја одбрани на Универзитетот Кембриџ.

- Advertisement -

На 22 години му била дијагностицирана неизлечивата мускулна и нервна болест АЛС (амиотрофична латерална склероза) поради која му беа предвидени уште само неколку години живот. Поради болеста постојано беше врзан за својата инвалидска количка и не можеше да зборува без синтетизатор на гласот.

Неговиот придонес кон науката ќе остане траен доказ и потсетување за моќта на човечкиот ум и волјата да се живее и покрај тешката болест и останатите препреки.

Сподели!
- Advertisement -