InvisaWear е паметен накит кој може да ви го спаси животот

- Advertisement -

Многу стартапи денес работат на паметни парчиња накит, но додека повеќето од нив ви заштедуваат време за вршење некои активности, накитот invisaWear може да ви го спаси животот. Уредот е мал и може да се стави во ѓердан, белегзија или приврзок за клуч, а им овозможува на корисниците дискретно да ги известат пријателите, семјеството и полицијата кога ќе се најдат во опасност, пишува Geek.com.

„За жал, живееме во свет каде што дури и секојдневните активности како возење со такси, одење до паркираниот автомобил или запознавање со нови луѓе може да претставуваат опасност. invisaWear е дизајниран да ви помогне со едноставно двојно кликнување на копчето“ се вели на страницата на invisaWear.

- Advertisement -

Кога ќе испратите предупредување пет ваши контакти за итни случаи добиваат порака со вашата GPS локација. Можете да ја активирате и опцијата истовремено да ја известите и полицијата.

Не се грижете дека можете несакајќи да повикате полиција додека се забавувате во ресторан затоа што уредот испраќа пораки само доколку едноподруго притиснете на копчето. Дури и да се случи тоа, не е ништо страшно доколку во рок од 30 секунди го откажете алармот преку апликацијата за телефон.

- Advertisement -

Уредот е достапен во претпродажба преку платформата Indiegogo по цени почнувајќи од 79 долари. Се очекува првите нарачки да бидат доставени во кули. Секој уред доаѓа со батерија која има животен век од  година.

Сподели!
- Advertisement -