Во Хрватска отворена првата училница на иднината вредна околу 130.000 евра

- Advertisement -

Во Средното училиште во Иванец деновиве е отворена т.н. училница на иднината. Станува збор за концепт на современо училиште, концепт во кој до сега се вложени околу 130.000 евра.

Министерството за регионален развој заедно со фондовите на Европската унија имаат издвоено околу 20 000 евра за овој проект, самото училиште околу 14 000 евра, додека пак жупанијата Вараждин околу 96 000 евра.

- Advertisement -

„Проектот го добивме и го имплементиравме сами, односно без поддршка од Министерството за наука и образование. Дури и финансиите добиени од Министерството за регионален развој се всушност средства добиени преку механизмите на Европската унија односно фондовите“ изјави жупанот на Вараждин, Радимир Чачиќ.

Инаку, се работи за првата училница од ваков тип во Хрватска. Од жупанијата изјавија дека сакаат овој концепт на современо училиште да го имплементираат и во останатите училишта.

- Advertisement -

Инаку, оваа училница на иднината предвидува зголемена мобилност на учениците при образовниот процес, зголемена интеракција, како и сосема нов концепт на меѓусебна комуникација на учениците и комуникацијата со наставникот.

 

- Advertisement -

 

 

Сподели!
- Advertisement -