Две награди за „Тиквеш“ на годинешниот Chardonnay du Monde

- Advertisement -

Вината „Domaine Lepovo Chardonnay“ и „Chardonnay Special Selection“ од бербата 2017, наградени се со сребрени медали на годинешното јубилејно 25-то издание на престижниот специјализиран натпревар за вина од сортата шардоне, Chardonnay du Monde во Франција.

Наградите се добиени во конкуренција на вкупно 679 вина од оваа сорта од 39 земји во светот. Вината се оценувани од страна на 300 интернационални судии – експерти за сортата, од кои половината од Франција.

- Advertisement -

Да се добијат вакви награди на најпрестижниот натпревар токму во земјата – татковина на сортата шардоне е исклучително признание за квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“. Од друга страна, тоа е уште еден доказ дека љубителите на виното и во Македонија можат да уживаат во вина со квалитет од светски ранг и да се гордеат со нив“, истакна генералниот директор на Винарската визба „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

- Advertisement -

Chardonnay du Monde е најпрестижниот специјализиран вински натпревар, кој се одвојува од останатите слични натпревари со доследното спроведување на највисоките критериуми на енолошката наука и строгите процедури и стандарди при оценувањето на вината, кои остануваат исти во сите 25 години од неговото постоење. Натпреварот традиционално се одржува на прочуениот вински имот на Институтот Пастер во бургундскиот регион на Франција.

Сподели!
- Advertisement -