Домашните обврски како перење алишта и чистење на тоалетот никому не му се омилени. Особено кога ќе дојде ред да се чисти веце школката, затоа што колку и да се трудите, сепак, тоа е највалканиот дел од целиот дом. Бидејчи чистењето на тоалетот е најмалку пожелната обврска во домот, екипа од САД разви робот кој тоа ќе го направи наместо вас, пишува Zimo.
Giddel е робот кој едноставно се поставува на која било веце школка, работи на батерии и користи заменски четки, а неговите креатори тврдт дека роботот брзо и ефикасно ќе ја исчисти и највалканата веце школка. Имено, освен што со четка ќе ја исчисти сета нечистотија, на крајот и ќе дезинфицира се за да бидете сигурни дека веце школката е навистина чиста.
Кога ќе заврши со работа, автоматски ќе се исклучи, а на вас останува само да го отстраните од веце школката и да го вратите на полнач за да се подготви за следната употреба. Giddel досега има добиено неколку награди за иновативност, а ако сакате да го имате и во својот дом, ќе мора да почекате уште малку. Роботот ќе биде достапен на пазарот до крајот на 2018 година и тоа по не толку висока цена од 405 евра. Сами одлучете дали ви се исплатува да го купите или сами ќе ја чистите веце школката.