Во Србија се отвора првата дигитална фарма

- Advertisement -

Дигиталната фарма на земјоделците ќе им овозможи бесплатно и од прва рака да научат како да ги намалат ризиците во производството, да трошат помалку вoда и ѓубриво и да инвестираат помалку средства, а да добијат поголеми приноси. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, порача дека отворањето на дигиталната фарма покажува дека Србија е лидер во регионот и може да стане и лидер во Европа кога станува збор за дигитализацијата и новите технологии во земјоделството.

Во таа насока, премиерката наведе дека што побрзо мора да се изгради зградата на институтот Biosens, кој ќе биде европски центар за наука, пишува B92. Во тоа владата ќе инвестира 14 милиони евра. Наведе и дека е битно да се побврзат базите на податоци во земјоделството за да се носат ефикасни одлуки врз база на сите информации.

- Advertisement -

Дигиталната фарма ја осмисли Институтот Biosens од Нови Сад во соработка со земјоделскиот производител Krivaja во рамките на проектот ANTARES, кој заеднички го финанасираат ЕУ и владата на Србија. Делегатот на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, потенцираше дека токму проектот Antares, кој опфаќа два најзначајни сектори  – ИТ и земјоделство – е пример за добра сорбаотка на Србија и ЕУ.

„Овој проект ЕУ и владата на Србија заеднички го финансираат со 28 милиони евра, а целта е BioSens да стане научен центар за совршеност, кој успешно ќе се занимава со два сектори и ќе биде регионален центар кој ќе ги обединува земјоделците, стартап компаниите, експертите од овие области’“ истакна Фабрици.

- Advertisement -

На фрмата земјоделците ќе можат да научат како новите технологии можат да им помогнат да го унапредат производството од подготовка на земјиштето, сеидбата, наводнувањето, потхранувањето на растенијата, жетвата и подготовката за наредната година. Исто така, ќе можат да се информираат за примената на дронови кои го мапираат теренот, го следат растот на културите, откриваат болести на посевите, затоа што кога посевите се набљудуваат од воздух се гледаат делови од парцелите кои полошо напредуваат, па може да се применат локални мерки.

Фармата има физички дел – современа опрема, алатки и механизација, но и вирутелен дел – платформата AgroSens за следење на посевите, која земјоделците ја користат од октомври наваму. Преку платформаа земјоделците бесплатно имаат пристап до сателитски снимки од Европската вселенска агенција од кои на секои 5 дена може да добијат снимка од парцелите, врз основа на која потоа истражувачите од Biosens даваат извештај за состојбата на посевите. Може да се добие и многу прецизна временска прогноза за одредена локација, како и метеоролошки податоци за тоа колку вода е акумулирана на парцелата.

Сподели!
- Advertisement -