Научници успеаја да направат минијатурни автономни нанороботи кои имаат потенцијал да функционираат како интелигентни носители на лек за рак. ДНК нанороботите го прават тоа така што ги бараат канцерозните клетки и ги инјектираат со лекови кои им го прекратуваат дотокот на крв, почнуваат да се сушат и умираат, пишува TechCrunch.
„Со тестовите на глувците докажавме дека интравенозно инјектираните ДНК нанороботи кои пренесуваат тромбин до крвните садови кои одат до канцерозни клетки и предизвикуваат интраваскуларна тромбоза резултираат со сушење на туморот и спречување на нивниот раст“ се вели во истражувањето.
ДНК нанороботите се нов концепт на примање лекови. Тие содржат програмирана ДНК за да се свиткаат како оригами и потоа се управуваат како и секоја минијатурна машина. Научниците кои го вршат истражувањето ги тестирале нанороботите на глувци кои имале канцерозни клетки од човечки рак на дојка. За само 48 часа нанороботите успешно допреле до васкуларните клетки на ракот, го прекратиле дотокот на крв со згрутчување и прредизвикале канцерозните клетки да умрат.
Овие нанороботи не предизвикале згрутчување на крвта на други делови од телото, туку само на канцерозните клетки кои биле програмирани да ги таргетираат. Исто така, научниците успеаја да докажат дека нанороботите не предзвикале згрутчување кај здрави ткива на бама минијатурните свињи.
Според научниците, целта е да се докаже дека овие минијатурни роботи можат да го прават истото и кај луѓето и човечките ткива. Се разбира, има уште многу работа додека почне тестирањето кај луѓето. Сепак, ова е големо достигнување во лекувањето на ракот. Моменталните методи се или употреба на хемотерапија за да се уништи секоја клетка или употреба на лекови кои го прекинуваат дотокот на крв во деловите зафатени со канцерозни клетки, кои изгледаат варварски во споредба со нанороботите.