Да се биде лидер значи менаџирањето да биде посветено на луѓето кои ги водите и драстично се разликува од токсичните менаџери кои како мотивација ги користат застарените техники на страв.
Вистински ефективните лидери внимателно ги одбираат фразите со кои ќе комуницираат со својот тим и преку начинот на говорење и убедување ќе го инспирираат тимот да даде силни напори за успешно извршување на задачите.
Фразите, односно зборовите на лидерот, можат засекогаш да останат запаметени од вработените или постојано ќе им се вртат во главите како нешто што предизвикува стрес. Еве кои фрази покажуваат дали се работи за добар или лош лидер.
Три фрази кои ги кажуваат добрите лидери
Некои сметаат дека лидерот треба да зборува со харизма и самодоверба, но само во случаи кога го претставува новиот производ пред инвеститорот или публиката. Кога зборува со тимот, лидерот мора да покаже автентичност. Еве што ќе слушнете од чесните и ефективни лидери.
- „Ова беше моја грешка“ – добрите лидери го оставаат егото на страна бидејќи кога покажуваат човечност и покажуваат дека и тие се подложни на грешки, всушност ја зголемуваат довербата кај тимот.
- „Немаше да успеам во ова без тебе“ – ова е највисоката форма на благодарност. Кога ќе го признаете туѓиот труд, вие како лидер јавно ќе му се заблагодарите на вработениот што нему ќе му пружи посебно задоволство.
- „Можеш ли да дадеш совет/мислење за ова?“ – една студија на Harvard Business School покажала дека луѓето кои бараат совети и предлози се всушност покомпетентни. Луѓето се двоумат да побараат совет бидејќи се плашат дека тоа ќе ги направи да изгледаат некомпетентни.
Три фрази кои ги кажуваат лошите лидери
Од друга страна, следниве фрази никогаш не треба да ги слушнете од паметните и успешните лидери.
- „Тоа не е мој проблем“ – кога ќе го слушнете ова од другата страна на канцеларијата од лидерот откако сте му побарале помош или мислење за одредено нешто, она што тој навистина демонстрира со ова е дека не е тимски играч. Не мора како лидер секогаш да се согласувате на одредени прашања, но доколку немате време или не можете да пружите помош за одредено прашање, објаснете го тоа на пријатен начин, а не на начин кој ќе ве направи да изгледате себично.
- „Јас сум главен“ – ако имате потреба да им потенцирате на другите дека вие сте главен, тогаш најверојатно не сте. Лошите лидери ја користат оваа фраза за да се позиционираат како авторитет, но никогаш не го постигнуваат тоа.
- „Невозможно е“ – ова е најбрзиот начин да ја загушите креативноста и иновативноста кај тимот бидејќи луѓето секогаш бараат инспирација од претпоставениот. Добрите лидери се секогаш уверени дека може да се најде решение и ќе се потрудат заедно со тимот да го пронајдат.