ВИДЕО: Компанијата Rehau направи паметни прозорци кои сами ги проветруваат просториите

- Advertisement -

На најголемиот светски саем за прозорци, врати и фасади во Нирнберг изминатиот викенд беше промовирано најголемото достигнување во оваа област од градежништвото – паметните прозорци Geneo Inovent со автоматски вентилациски систем. Станува збор за прозорци кои го проветруваат просториите и кога се затворени, а истовремено ја намалуваат загубата на енергија и бучавата која се слуша однадвор.

По паметните телефони и телевизори, на пазарот сега ќе бидат достапни и паметни прозорци. Оваа иновација е производ на германската компанија Rehau, која ги нарекува и прозорци на иднината. Прозорците наизменично го пропуштаат воздухот од просторијата надвор, а го внесуваат чистиот воздух однадвор и го загреваат или го ладат во зависност од температурата надвор.

- Advertisement -

Благодарение на интегрирани сензори кои ја мерат влагата и содржината на јаглерод диоксид во воздухот, овие прозорци самостојно одлучуваат кога и со кој интензитет ќе го применат вентилацискиот систем. Паметните прозорци содржат и дигитална заштита од сонце и од љубопитни погледи. Автоматски се затемнуваат доколку некој се задржи пред нив подолго од 30 секунди. Дигиталната заштита се управува и директно преку прозорското стакло чувствително на допир.

Уште еден интелигентен додаток е алармниот систем на прозорците, чија цел е и пред потенцијална употреба на сила провалникот да биде предупреден со спуштање на ролетните или правење повик за помош. Овој систем на проветрување е награден со наградата Plus x award во категоријата иновации, квалитет, функционалност и екологија.

- Advertisement -

Rehau најави дека набрзо по саемската презентација овие прозорци ќе бидат достапни на пазарот на 170 локации во светот каде што компанијата има свое претставништво или фабрика.

Сподели!
- Advertisement -