Ари Џонсон од Исланд има идеја за биоразградливи шишиња за вода направени од материјал кој за разлика од пластиката, не остава траен проблем откако ќе се употреби и ќе се фрли.
Барајќи материјали од кои може да се направи шише кое ќе се разгради откако ќе се употреби Џонсон наишол на агар во прав, односно супстанција која се добива од алги. Кога овој прав ќе се додаде во вода, се претвора во нешто слично на желатин. Тој желатин потоа се става во калап и може да се добие каква било форма. Според дизајнерот, предметите направени од овој материјал ја одржуваат својата форма додека од нив не се исцеди целата вода.
Она што го прави материјалот особено специфичен е животниот век. Шишињата од ваквиот желатин ја одржуваат формата додека се полни со вода, а кога ќе се испразнат веднаш почнуваат да се разградуваат. Можете дури и да ги изедете доколку сакате, иако нивниот вкус е како желе од морска трева.