Германските градови се најмалку стресни за живот

- Advertisement -

Доколку мирниот живот значи да се оди од работа до дома по патeки преполни со дрвја и цвеќиња, да се има дебела сметка во банка и сигурна работа, тогаш најдоброто место за живот е Германија. Едно ново истражување на британската компанија Zipjet, спроведено на 500 локации и базирано на податоци од 17 категории како: инфраструктурата, нивото на загадување, финансиите и добросостојбата на жителите, сообраќајниот метеж, јавниот транспорт, зелените површини, сончевите денови итн., покажува дека германските градови се најмирни за живот.
Од сите 150 градови на листата, четири од топ 10 најмалку стресни градови се во Германија. Штутгарт е на првото место, Хановер е на трето место, Минхен е на петто, а Хамбург го дели деветтото место со Грац, Австрија. Малиот, но богат Луксембург, каде што живеат помалку од 600.000 луѓе, е втор најмалку стресен град во светот. Берн, Швајцарија е на трето место на листата, додека Бордо, Франција и Единбург, Обединето Кралство, исто така се меѓу првите топ 10. Сиднеј, Австралија, е единствениот неевропски град во топ 10.
Сподели!
- Advertisement -