Децата во Франција ќе почнуваат со училиште на 3 години!

- Advertisement -

Реформи во образовниот систем на Франција. Како што вчера најави францускиот претседател Емануел Макрон Франција ќе ја спушти возраста на задолжително образование од шест на три години во почетокот на учебната година 2019!

Училиштето ќе биде задолжително за сите деца почнувајќи од тригодишна возраст, наместо од шест години како што беше досега, но овој потег ќе  погоди само мал дел од семејствата, бидејќи 97,6 отсто од децата во Франција веќе посетуваат настава на тригодишна возраст, покажуваат податоците на министерството за образование.

- Advertisement -

Промената, според Претседателот, ќе се спротивстави на нееднаквоста во најсиромашните области, каде родители не ги праќаат своите деца на училиште.

Се надевам дека со оваа обврска, од почетокот на учебната година во 2019 година, ќе можеме да ја коригираме неприфатливата разлика“, изјави тој.

- Advertisement -

Макрон вети дека предучилишната настава „е и ќе биде во иднина како основен момент за францускиот образовен систем“.

Францускиот претседател, кој го нарече образованието како еден од неговите приоритети, го назначи невропсихијатарот Борис Кирулник да му помогне во оформувањето на предучилишната настава, во соработка со министерот за образование Жан Мишел Бланке.

Сподели!
- Advertisement -