Експерти предупредуваат: Мобилните телефони ќе емитуваат 125 милиони тони јаглерод диоксид во воздухот до 2020 година

- Advertisement -

Кога размислуваме за загадувањето и главните извори на емисиите на јаглерод диоксид, најчесто помислуваме на нафтената и рударската индустрија, како и на транспортот. Ретко кога помислуваме на компјутерската технологија.

Најновата студија објавена во Journal of Cleaner Production детално укажува на придонесот на информатичко-комуникациската опрема – компјутери, лаптопи, паметни телефони и таблети, дата центри и комуникациски мрежи врз глобалното загадување. Деталното истражување утврдило дека загадувањето кое доаѓа од ИКТ ќе порасне од 1% во 2007 година на 3,5% до 2020 година и ќе достигне 14% до 2040 година. Тоа е повеќе од половина од придонесот во загадувањето на целиот транспортен сектор во светот.

- Advertisement -

Можеби најмногу изненадува сознанието дека емисијата на јаглерод диоксид од паметните телефони се очекува да порасне од 4% во 2010 година на 11% до 2020 година, што е многу повеќе од загадувањето на компјутерите, лаптопите и компјутерските екрани. Во апсолутни вредности, емисијата на јаглерод диоксид ќе скокне од 17 до 125 милиони тони CO2 во тој период што е раст на емисијата од дури 730%.

Најголем дел од тоа загадување, односно 85% до 95% нема да дојде од употребата на телефоните, туку од процесот на нивно производство. Друг „виновник“ за порастот на загадувањето предизвикано од паметните телефони се компаниите да ги охрабруваат корисниците на телефони да купуваат нов телефон секои две години. Така се забрзува стапката со која постарите модели стануваат неупотребливи и се создава огромна количина непотребен отпад.

Сподели!
- Advertisement -