Шангај доби парк направен целосно од рециклирани материјали

- Advertisement -

Познатиот кварт Анфу Роуд во Шангај доби фантастичен парк кој е доказ како урбаниот отпад на човекот може да се претвори во преубава јавна површина. Компаниите AIM Architecture и URBAN MATTERS го дизајнираа привремениот урбан парк наречен Urban Bloom како еден вид експериментална вежба, а за него искористија стари дрвени палети и оформија скулптури налик на дрво. „Ова е проект за град каде што се става акцент на луѓето и нивните активности. Се е вклопено како една идеална урбана градина“, велат дизајнерите.

Urban Bloom е отворен за јавноста, а сместен е во тивок двор во чија близина се наоѓаат популарни ресторани и киосци и бутици. Рециклираните дрвени палети се искористени како модуларни блокови за да се направи место за седење и да биде привлечно за изглед. Инсталацијата постепено се искачува на едната страна налик на ридски предел, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

Растенија во саксии се поставени наоколу во паркот за да се добие ликот на урбана градина. Пластични топки наполнети со зеленило се поставени во форми на дрво. Дизајнерите користеле реупотребени материјали за да се промовира одржливоста на концептот. „Градовите се големи креатори на отпад и ѓубре. Ние сакавме овој нов простор да нема негативно влијание врз околината и на природен начин да се вклопува во природните елементи. Накратко, сакавме да покажеме дека е возможно да се направи нешто ново од речиси ништо“, велат дизајнерите.

Сподели!
- Advertisement -