Иновативна инсталација им овозможува на луѓето да дишат воздух од други градови

- Advertisement -

Уметникот Мајкл Пински направи посебна инсталација за уметничката галерија London Somerset House, која е единствена таква во светот. Во инсталацијата луѓето можат да доживеат како е да се дише воздух од 5 различни градови во светот. Инсталацијата се состои од полусфери кои прецизно го реплицираат воздухот, неговиот квалитет, мирисите и температурата од Лондон, Пекинг, Сао Паоло, Њу Делхи и Таутра. Оваа инсталација е направена со помош на експерти за атмосферска хемија, а ќе биде отворена на Денот на планетата Земја, 22 април.

Инсталацијата го носи името Pollution Pods, а е поставена во дворот на Somerset House, пишува PSFK. Посетителите можат да влегуваат во сите полусфери и да направат споредба на квалитетот на воздухот. Ќе има и посебни информации за воздухот во секоја полусфера. Единствената област која не содржи загаден воздух е Таутра, изолирана област во Норвешка, додека воздухот во Њу Делхи е најзагаден.

- Advertisement -

Целта на инсталацијата е посетителите да ја сфатат опасноста од загадувањето на воздухот. Нивните тела ќе реагираат на различни хемикалии како етанол и запалени материјали. Уметникот се надева дека ова искуство ќе ги натера луѓето повеќе да се грижат за животната средина особено затоа што загадениот воздух во Њу Делхи го скратува животот на луѓето за 4 години.

Сподели!
- Advertisement -