Како личното брендирање може да се одрази позитивно на вашата компанија?

- Advertisement -

Личното брендирање може да отвори многу врати и да ви помогне да си ги исполните соништата. Доколку се фокусирате добро на личното брендирање, ќе се осигурате дека вашата репутација ќе ве надмине, па ќе бидете чекор поблизу до изреката „Работете напорно сѐ додека повеќе нема да има потреба да се претставувате“. Но, кои се нештата на кои е потребно да поработите доколку сакате да го промовирате и брендот на вашата компанија истовремено?

Фокусирањето на себе може да биде вистински предизвик како претприемач, особено кога компанијата ви е сѐ уште млада. Ризиците кои сте ги преземале за да ги исполните своите цели можеби резултирале со успех на вашата компанија, но не ретко се случува да се изгубиме самите себе во процесот на подобрување на работењето на компанијата.

- Advertisement -

Кога станувате родител тоа значи дека ќе ставите на страна одредено хоби и ќе го скратите времето за себе за да се посветите на детето. Кога станувате претприемач, најверојатно ќе го изгубите личниот бренд. Но она што можеби не би го сфатиле на почетокот е дека преку развивањето на личниот бренд, вие отворате врати и за компанијата.

На крајот на краевите, што друго е компанијата освен група на луѓе? А кој не би сакал да запознае познат CEO?

- Advertisement -

Градењето на личниот бренд, исто како брендот на компанијата, не е нешто што се случува преку ноќ. Но со посветеност и истрајност полека ќе си го трасирате патот кој на почетокот го минале и Стив Џобс, Марк Цукерберг, Илон Маск и други. Еве како да започнете:

Бидете свесни за дигиталното присуство

- Advertisement -

Доколку не сте го направиле ова во скоро време, изгуглајте го своето име. Ова се прави најефикасно преку отворање на Incognito tab во вашиот пребарувач, за да ги видите вистинските резултати. Запишете го она што ќе ви излезе, бидејќи можеби ќе добиете резултати и за останати луѓе со кои го делите истото име. Во зависност од тоа како ви е структурирана компанијата, би требало да најдете податоци за себе некаде на почетокот.

Отворете ги сите линкови на првата страница и осигурајте се дека нема некои засрамувачки и сомнителни нешта, бидејќи ова може да биде одлучувачки фактор за некој инвеститор.

Подобрете ја вашата веб страница и веб страницата на вашата компанија

Едноставен чекор кој сепак има големо влијание е подобрувањето на делот About на вашата веб страница и веб страницата на вашата компанија. Осигурајте се дека описот на вашата страница е јасен, лесен за читање и поттикувачки. Ставете на видно место ваша фотографија која ќе се појавува во пребарувањето на фотографии, која ќе биде дадена со соодветна ознака покрај вашето име, позиција и линкови до профилите на социјалните мрежи.

Доколку имате лична веб страница – а препорачливо е да имате – осигурајте се дека ќе нуди едноставни и јасни информации покрај вашата фотографија, позиција, линк до вашата компанија и профили на социјалните мрежи. Ова е одлично место за да пишувате и личен блог кој ќе направи чуда за вашето лично брендирање.

Ангажирајте се повеќе на социјалните мрежи

Одржувајте постојан контакт со останати луѓе од вашата индустрија, вашите потенцијални клиенти и заедниците од кои сте дел. Постојаното објавување на новости на вашите профили на социјалните мрежи е еден од најдобрите начини бргу да бидете забележани од илјадници луѓе.

„Социјалните медиуми е најдоброто место за да го покажете вашиот карактер на начин кој ќе го промовира вашиот бренд и мисија“, вели Вик Типнес, извршен директор на Blackstone Medical Services, кој без сомнежи е експерт кога е во прашање личното брендирање преку Facebook.

„Личноста која ја прикажувате на Facebook, Twitter, Instagram и останатите платформи лесно стигнува до илјадници луѓе, на едноставен начин. Можете, а и треба да покажете хумор, како и да зборувате од срце за разлика од однесувањето во професионална средина. Социјалните медиуми е место каде публиката може да го запознае вашето вистинско „јас“, а доколку се покажете како забавни, внимателни, па на моменти и провокативни, ќе можете природно да привлечете внимание.“

Вклучете се 

Вклученоста во заедницата значи многу повеќе од едноставната комуникација која ја остварувате со луѓето. Исто така, важно е да се позиционирате во центарот на настаните. Започнете со тоа што физички ќе присуствувате на настани за вмрежување во вашата индустрија. Откако ќе стекнете навика, волонтирајте за организирање на некој нареден настан. Потоа ќе дојде време да организирате и свој настан.

Не станува збор за изнајмување на вашиот простор и одржување на конференција. Доколку имате можности и средства за одржување на настан, подобро за вас. Можете дури и да организирате вебинар или друг сличен онлајн настан за вмрежување, со тоа што ќе ги користите сите можности за запознавање нови луѓе и да бидете споменати во некои публикации.

Станете лидер кој ќе води со мисла

Друг ефективен чекор кој можете да го преземете во насока на лично брендирање е да станете лидер кој ќе води со мисла. Ова значи пишување на статии, развивање на содржини, а евентуално и учество како говорник на настани на кои ќе се дискутираат детали од вашата индустрија.

Со тоа што ќе пласирате високо квалитетна содржина која ќе предизвикува размислувања поврзани со вашата индустрија, ќе го развиете вашиот личен бренд во веродостоен извор. Доколку ова се направи како што треба, евентуално ќе бидете контактирани од новинари и претприемачи, а ќе бидете и цитирани во статии како експерт.

Личното брендирање може да биде тешко, но важно е да знаете дека ова е значаен чекор не само за вашиот успех, туку и за успехот на вашата компанија. Тој процес се одвива преку константно учество – лично и преку социјалните медиуми, во дискусии со фелата. Станете експерт во вашето поле, грижете се за успехот на индустријата генерално и помогнете им при развивањето и на оние околу вас. Обезбедете вистинска вредност за вашата заедница, а тие ќе ја ценат вашата присутност покрај нив секој ден.

Сподели!
- Advertisement -