Под мотото „Наша храна, наша иднина“, Слоу фуд Македонија денеска ќе го одржи првиот, основачки конгрес на кој и официјално ќе стане национална организација.
Согласно програмата, на конгресот треба да бидат усвоени Стратегискиот план 2018-2020 и конгресната декларација „Нашата храна, наша иднина“. Презентирана ќе биде и Слоу Фуд Алијансата на готвачи во Македонија.
Слоу фуд Македонија досега делуваше на локално ниво, како Мрежа на локални организации (конвивиуми).
Постои десет години и е дел од интернационалната Слоу фуд организација, основана во Италија од Карло Петрини. Првиот, „најстар“ конвивиум, Слоу фуд Скопје, се формира во 2008 година. По него следуваа Слоу фуд Водно, Битола, Кавадарци, Тера (во Гевгелија), Дојран, Росалев (во Богданци), Валандово и Осогово (од Пробиштип). До крајот на годинава треба да се формираат уште осум конвивиуми: Слоу фуд Тетово, Струга, Охрид, Прилеп, Струмица, Кратово, Крива Паланка и Росоман.
Основната мисија на Слоу фуд Македонија е поддршка на домашните, мали, традиционални производители.