Австралија сака да го подели Сиднеј на три помали градови

- Advertisement -

Австралискиот главен град станува толку голем што сега се јавува потреба да се подели на три помали градови. Планот е луѓето да станат помалку зависни од своите автомобили, повторно да се приближат до природата и да се осигура дека секој жител се наоѓа на 30 километри оддалеченост од најблискиот доктор и од работното место, пишува Светскиот економски форум.

Трите нови градови би биле: Eastern Harbour City, ќе биде составен од моменталниот централен бизнис дистрикт во градот; Central River City, лоциран во географскиот центар на Сиднеј и Western Parkland City, каде што новиот аеродром ќе биде портата за туризам.

- Advertisement -

Последните проширувања на градот резултираа со проблеми како недостиг на станбен простор и слаба сообраќајна конектираност. Според предвидувањата, популацијата на Сиднеј речиси ќе се дуплира во наредните 40 години – од 4,7 милиони жители на 8 милиони жители. Токму затоа креирањето помали градови кои полесно се управуваат може да биде вистинското решение.

Сподели!
- Advertisement -