Утре, 17 април 2018 година, организацијата на жени претприемачи и жени менаџери Women in Adria Macedonia ќе одржи промотивен ден во просториите на CEED Македонија. Настанот ќе започне во 16 часот.
Промотивниот ден е наменет за претставување на годишната програма и онлајн настани на организацијата, а на настанот ќе има и обраќања од Ивана Матиќ која е претставничка од Women in Adria Croatia, како и обраќања од некои од првите членови на Women in Adria Macedonia.
Утрешниот настан е од отворен карактер и истиот може да го посетат сите заинтересирани жени претприемачи и менаџери. Освен што ќе можат да се информираат за активностите на организацијата, ќе имаат можност и за станување членови на истата.
За да присуствувате на настанот, потребно е да испратите е-маил за регистрација на следнава адреса: cvelkova@ceed-macedonia.org
За повеќе информации, посетете го Facebook настанот на следниов линк или веб страницата на Women in Adria Macedonia на следниов линк.