Компанија од Гана прави патишта од пластични кеси

- Advertisement -

Само 2% од платичниот отпад во Гана се рециклира, според едно видео од Светскиот економкси форум, но една локална компанија се надева дека ќе ја смени таа статистика. Компанијата Nelplast Ghana Limited, која се фокусира на индустриско процесирање, ги претвора пластичните кеси во блокови за поплочување на патишта. Притоа, освен пластичните кеси може да се користи каква било отпадна пластика, пишува Inhabitat.

Благодарение на Nelplast сега пластичните кеси добиваат нов живот како дел од патиштата. Nelplast ги меле кесите и ги меша со песок за да креира нова форма на асфалт. За овој асфалт се потребни многу помалку природни ресурси, трае подолго и е многу отпорен.

- Advertisement -

Инженерот Нелсон Боатенг е сопственик на Nelplast. Според некои медиуми, тој самиот го создал афалтот, кој е составен од 60% пластични кеси и 40% песок. Тој направил и сопствена машина за рециклирање од отпаден метал и почнал да рециклира околу 2 тони пластичен отпад. На веб страницата на Nelplast пишува дека Боатенг има 20-годишно искуство во индустријата за рециклирање.

Министерството за животна средина на Гана веќе ги користи блоковите од пластични кеси за поплочување на еден кварт и сака Nelplast да почне да прави поголеми количини. Освен што на овој начин ќе се исчисти околината, Боатенг креира нови работни места – компанијата директно и индиректно има вработено повеќе од 230 луѓе.

- Advertisement -

Nelplast има за цел сите нивни процеси на прво место да бидат добри за околината. На пример, компанијата прави и пластични плочи за пкриви и нуди консултации за лансирање други компани за рециклирање. Нивната цел вклучува и рециклирање на околу 70% од пластичниот отпад кој дневно се создава во земјата и негово претворање во корисни производи кои имаат долг животен век.

Сподели!
- Advertisement -