Доколку гаражата ја користите и за паркирање и за складирање, знаете колку ви е битен просторот. Нели би било супер да можете таму да ги чувате велосипедите, машината за косење трева, контејнери итн.? Џером Мајлс пред повеќе години одлучи да го реши овој проблем и да им го олесни животот на луѓето без да поставуваат нови полици или да мора да градат шупи.
Наместо тоа, Мајлс видел неискористена прилика во таванскиот простор на неговата гаража. Така се родила идејата за MYLIFTER, нов електричен уред дизајниран да го зголеми просторот за складирање во гаражите.
Мајлс забележал дека многу големи предмети како велосипеди, кајаци, кануа, играчки за возење за деца итн. стоеле надвор во дворовите на луѓето. Тие работи не може да се складираат на традиционални полици, а гаражите се вреден недвижен имот. Така Мајлс го креирал MYLIFTER за безбеден начин на складирање, а се управува со помош на паметен телефон.
MYLIFTER е електричен мотор кој тежи околу килограм и пол и го собира во дланката на раката. Се прикачува директно на таванските греди во гаражите или други простории за складирање. Може да подигне речиси се и да ослободи простор за други работи.
Пред четири години имаше кампања на Kickstarter и беше собрана шестцифрена бројка. Оттогаш досега компанијата работи на подобрување на производот благодарение на реакциите од поддржувачите.
Сега повторно стартуваат кампања на Kickstarter со готови сетови за велосипеди, кануа, чамци, машини за поправки или одржување на домот итн.