Почна изградбата на прототипот на првиот европски Hyperloop – меѓу европските градови ќе се патува со 1.000 км/ч

- Advertisement -

Во Европа почна револуцијата во транспортот – стартуваше конструкцијата на првата пруга на континентот за Hyperloop. Експерименталната пруга ќе им помогне на поддржувачите од САД да развијат сопствена верзија на системот за ултрабрз транспорт развиен од Илон Маск. Според најавите, луѓето ќе можат да патуваат со Hyperloop со брзина од 1.000 км/ч, пишува Daily Mail.

Технологијата работи со помош на супермагнети кои овозможуваат левитација на вагоните и скратување на времето на патување меѓу градови за неколку часа. Минатата недела во Тулуз, Франција, пристигнаа деловите за изградба на прототипот во базата на компанијата Hyperloop Transportation Technologies. Компанијата има седиште во Калвер Сити, Калифорнија, а прототипот на системот долг 320 метри ќе биде функционален годинава.

- Advertisement -

Вториот целосен дел од системот во должина од 1км, кој ќе биде подигнат над земја на столбови, ќе биде готов во 2019 година. НTT потпиша договор со Охајо, јужна Кореја и Индија за изградба на пруги за Hyperloop, но нема најавено планови за Европа.

Концептот за Hyperloop најпрвин го претстави извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон Маск, уште во 2013 година, иако милијардерот не е директно инволвиран во проекти за Hyperloop. Повеќе стартапи работат на свои верзии на оригиналниот дизајн на Маск, но HTT и конкурентот Virgin Hyperloop One се лидери на ова поле.

- Advertisement -

https://www.youtube.com/watch?time_continue=30&v=oUrtE5SCudM

Европскиот тест-центар на HTT е во мал објект во близина на аеродромот Франказал во Тулуз, Франција. Дијаметарот на првите цевки за Hyperloop е 4 метри и се доволно широки за да соберат патнички вагони и товарни контејнери. Компанијата планира да и го претстави прототипот на јавноста подоцна годинава.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -