Нов Зеланд забрани бушење за нафта и гас

- Advertisement -

Владата на Нов Зеланд веќе нема да издава дозволи за бушење и пребарување на нафта и гас на своите територии, мерка која беше позитивно дочекана од групите за екологија и заштита на околината и оценета како историска победа во борбата против климатските промени.

Како што пишува The Guardian, забраната се однесува на сите барања за бушење кои ќе бидат доставени во иднина, но не и на постоечките 22 кои моментално се во сила.

- Advertisement -

Премиерката Јацинда Ардерн изјавила дека Владата планира да ја интензивира транзицијата кон иднина која ќе биде јаглеродно неутрална и очекува оваа транзиција да се случува во следниве три децении.

„Транзицијата мора да започне од некаде и доколку не почнеме да носиме одлуки во сегашноста, тогаш никогаш нема да дочекаме промени бидејќи ризикуваме да почнеме со делување кога ќе биде предоцна.“, додала таа.

- Advertisement -

Оваа Влада на Нов Зеланд е израна минатата година и едно од најголемите ветувања на истата е дека ќе се бори поинтензивно против климатските промени со тоа што ќе ги адаптира еколошките политики, ќе придонесе кон 100% електрична енергија од обновливи извори до 2035 година и ќе ја направи економијата јаглеродно неутрална до 2050 година.

Минатиот месец, премиерката Ардерн ја примила петицијата од Greenpeace New Zealand која содржела преку 50 000 потписи против бушењето за нафта и гас во државата.

Сподели!
- Advertisement -