Ова е најдолгата и највисока стаклена патека во светот

- Advertisement -

Најдолгата стаклена патека во светот на огромна надморска височина е отворена за туристи во Националниот геолошки парк Лонгганг во Чонгчинг, Кина.  Оваа патека која го одзема здивот е долга импресивни 26,64 метри, а изгледа како да лебди во воздух и нуди несекојдневен поглед на околната природа, пишува New Atlas.

Изградена е на работ на карпа на висина од дури 1.010 метри, а кинеската влада плати импресивни 5,6 милиони долари за да ја изгради. Оваа патека е за 5 метри подолга од лебдечката стаклена патека во Големиот кањон во Аризона, САД.

- Advertisement -

Местото е толку необично што е вистински магнет за туристите коишто сакаат да уживаат во целосната спектакуларна убавина на националниот парк, но само за најхрабрите, затоа што кај многумина оваа висина предизвикува анксиозност или вртоглавица кога ќе погледнат во карпите под нив.

Ваквите застрашувачки патеки стануваат вистински тренд во Кина. Во април 2015 година беше реотворена кристалната патека Тианменшан во Жангџиаци. Додека оваа патека низ планински предел несомнено е величествено архитектонско дело, сепак е наменета само за зависниците од адреналин.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -