Одржани работилници за онлајн безбедност на децата и учениците

- Advertisement -

На 18 и 19 април во колеџот „Yahja Kemal“ се одржа работилници на тема: „Интернет предизвици за онлајн безбедност на децата и учениците“ наменети за дел од родителите на ученици од прво до деветто одделение.

Овие работилници беа организирани од страна на ИТ компанијата КАБТЕЛ, а предавачи од компанијата беа Павлинка Ѓоргиевска-Сандев, Павлина Дуњиќ и Никола Ивановски. Еден од предавачите беше и специјалистот за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов.

Во рамките на работилниците се разговараше за опасностите и ризиците кои со себе ги носи интернетот, а на кои се особено ранливи децата, како и за позитивните практики и примери кои родителите можат да ги применат со цел да ги заштитат своите деца во онлајн просторот.

- Advertisement -

Исто така, беа разгледувани и повеќе конкретни примери како играта „Синиот кит“, насилството помеѓу ученици, сајбер-насилството или сајбер-булингот, а беше заеднички констатирано дека потребна е едукација и поддршка на децата уште од најмала возраст со цел да се заштитат од вакви и слични негативни појави кои со себе ги носи интернетот.

- Advertisement -

Пред родителите беше презентиран и софтверот за родителска заштита, Safe Kids. Овој софтвер е произведен од страна на Меѓународната лабораторија за интернет безбедност, Kaspersky и претставува мулти-платформа која им помага на родителите да создадат и пронајдат нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.

Safe Kids помага на родителите да ги мониторираат информациите, им дава потврда за локација на кое се наоѓа детето, управување со времето поминато на уредот, како и севкупна заштита од онлајн ризиците кои демнат врз најмалите. Овој софтвер помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап само до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации кои се соодветни за нивната возраст.

- Advertisement -

ИТ компанијата КАБТЕЛ, која е ексклузивен застапник за целата програма на Kaspersky Lab, на секој родител подари премиум лиценца за бесплатно користење на Safe Kids во период од 12 месеци.

Од КАБТЕЛ велат дека вложуваат големи напори и ресурси во програмата за општествена одговорност на компанијата, а во рамките на која се предвидени голем број на активности и проекти кои првенствено имаат за цел подигање на свеста за потребата од заштита на децата во онлајн просторот.

Сподели!
- Advertisement -