Шест иновативни начини да ја зголемите видливоста на вашиот бренд

- Advertisement -

Да се има силен и доверлив бренд е многу важно за растот на компанијата. Ако таргетирате публика која не го знае или не му верува на вашиот бренд, нема начин како да го зголемите бројот на клиенти и продажба. Еве неколку стратегии со кои ќе ја зголемите присутноста на брендот на пазарот и ќе го поттикнете развојот на бизнисот.

1. Најдете инфлуенсери кои ќе го користат вашиот производ или услуга

- Advertisement -

Оваа стратегија е една од најуспешните откако социјалните мрежи почнаа да стекнуваат огромна популарност. Инфлуенсер е најчесто некоја позната личност која веќе има голема публика со која има изградено некоја врска, па така доколку тие почнат да го презентираат вашиот производ во своите содржини, популарноста и свесноста за тој производ веднаш ќе се зголеми.

Компанијата Ikonick која продава уметнички дела за во домот или канцеларијата, има ангажирано инфлуенсери кои се фотографираат со уметничките дела и потоа ги објавуваат фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи. Тие користат различни инфлуенсери како Instagram фотографи или познати личности.

- Advertisement -

Ангажирањето на инфлуенсери значи дека тие стануваат дел од вашиот тим за продажба, па дури и амбасадори на вашиот бренд. Како компанијата можете и да го спонзорирате инфлуенсерот, како и да го ангажирате како водител на некој ваш јавен настан.

2. Користете брендирани амбалажи

- Advertisement -

Дали некогаш сте добиле нарачка која била во брендирана амбалажа? Кога пратката е во убаво спакувана амбалажа наместо во обична кутија, тогаш се чувствувате како некој да ви пратил подарок.

Размислете добро како би можеле да ги доставувате вашите производи во креативни и впечатливи амбалажи кои ќе го имаат логото на вашата компанија. Многу експерти за продажба ќе се согласат дека корисничкото искуство почнува уште со отпакувањето на производот, а не кога ќе почне дури да се користи. Пакувањето со одличен дизајн и графика гради емотивна поврзаност помеѓу производот и купувачот.

Уникатната амбалажа ќе направи да се разликувате од конкуренцијата.

3. Спроведете SEO истражување

Најголемиот дел од луѓето, кога пребаруваат информации за одредена тема на интернет, во најголемиот дел од случаите не преминуваат на останатите страници со резултати освен првата. Во последно време маркетерите ќе ви кажат дека ретко се случува и кога пребаруваме, да не погледнуваме подолу од првите три резултати кои ни ги дава пребарувачот.

Стратегиите кои се поврзани со SEO (Search Engine Optimization) се веќе задолжителни за секој бренд кој сака да остави трага на пазарот. Спроведете истражување и смислете стратегија како вашиот производ да се појавува во првите резултати при пребарувањето.

4. Зголемете го присуството на социјалните мрежи

Instagram е социјална мрежа со огромна моќ за брендовите. Познатата изрека вели дека една фотографија вреди колку илјада зборови, а оваа социјална мрежа ви го овозможува токму ова: да раскажете приказна за брендот со една фотографија.

Освен што ќе ангажирате менаџер за социјални мрежи, обидете се да ги вклучите и вашите клиенти во приказните кои ќе ги раскажувате преку мрежи како Instagram. Клиентите можат да ви дадат исказ за задоволството од користењето на вашиот производ или услуга, а можат и да ви пратат фотографија која ќе ја споделите на мрежите.

Направете профил за вашиот бренд и на Facebook со тоа што ќе го користите за да изградете заедница. Корисниците на оваа социјална мрежа повеќе коментираат и се вклучуваат во објавите од брендовите, а ова е нешто што дефитивно треба да го искористите за да си ја зголемите видливоста.

5. Пробајте го и Twitter

Twitter е уште една голема социјална мрежа која може да се искористи при зголемувањето на присуството на брендот со тоа што ќе објавувате кратки и почести вести поврзани со активностите на компанијата.

Исто така, на оваа социјална мрежа најголем дел од корисниците се присутни под фиктивно име и нивните објави т.е. твитови многу често се зајадливи и исполнети со иронија, па така можете да го искористите овој момент на „неофицијалност“ и преку хумор да се поврзете со корисниците на мрежата со што ќе ја зголемите видливоста.

6. Искористете ги Google AdSense автоматските реклами

За крај, платените реклами се одличен начин да го однесете името на вашата компанија или вашата веб страница до страниците кои вашата таргет публика ги „кликнува“ со што најдобро ќе откриете која е вашата таргет публика и ќе знаете за кого да ги спремате вашите стратегии во иднина.

Оваа алатка на Google, преку технологија на машинско учење автоматски ги пласира вашите реклами на страници кои се најдобри за вашиот бренд. На овој начин, најефективно доаѓате до вашите потенцијални купувачи со што секако се зголемува и свесноста во јавноста за вашиот бренд.

Овие шест стратегии се одлични за зголемување на видливоста на брендот, а сега вие сте на ред да изберете која од нив ќе ја одберете.

Сподели!
- Advertisement -