Оваа социјална мрежа им плаќа на корисниците за нивното време и за лајковите

- Advertisement -

Што би рекле кога би ви кажале дека постои социјална мрежа слична на Facebook која на своите корисници им плаќа за времето поминато на неа? И не само тоа, им плаќа за секој коментар, објава или лајк? Станува збор за социјалната мрежа Minds, која постои од 2015 година и има само околу 1 милион корисници. Велиме само затоа што во споредба со 2 милијарди корисници на Facebook навистина не звучи многу.

На Minds можете да објавувате свои фотографии, статуси, да коментирате на туѓи или едноставно, да комуницирате со пријателите. Но, кога некој ќе коментира ваша објава, Minds ќе ве награди со токен. Тие токени не можете да ги замените за вистински пари, но можете да ги искористите на самата мрежа или да платите оглас кој ќе им се прикажува на други корисници или да платите на некој корисник да ја споделува вашата објава со своите пријатели, пренесува Zimo.

- Advertisement -

За разлика од Facebook, каде што огласувачите можат да бираат на кои корисници ќе им се прикажува некој оглас, на Minds го нема тоа. Ако платите оглас, тој ќе се прикажува на ѕидот на случајно избрани 1.000 корисници за секој токен кој ќе го потрошите. Овој начин на промовирање содржини на Minds помага секогаш да е видливо точно кој ја плаќа промоцијата. Тоа е еден од аспeктите на кои се посебно горди – отвореноста и децентрализацијата.

Минатиот месец во Minds почнаа да тестираат претворање на токените во крипровалутата Mindst token, која се базира на етереум. Идејата е во иднина корисниците да можат собраните токени да ги претворат во некоја од криптовалутите или дури во вистински пари. Концептот на кој работи Minds – плаќање на луѓето за нивното време и податоци – е се попривлечен и за корисниците и за другите социјални мрежи.

Сподели!
- Advertisement -