Showers Pass е компанија специјализирана за водоотпорни производи кои и овозможуваат на кожата да дише
Базирана во Портланд, Орегон, компанијата Showers Pass е составена од мал тим од ентузијасти кои сакаат да возат велосипед, да трчаат, да планинарат, да се искачуваат и да играат надвор. Компанијата се роди во 1997 година како производ на желбата да се направи облека и опрема за луѓето кои постојано се на велосипед, без разлика какво е времето надвор.
Компанијата користи материјали со високи перформанси во комбинација со иновативен функционален дизајн за велосипедисти и за сите луѓе кои сакаат да поминуваат многу време во природа. Showers Pass е специјализрана за водоотпорни производи кои и овозможуваат на кожата да дише.
Во спектарот производи кои ги прават има и водоотпорни чорапи. Водоотпорните чорапи Crosspoint ги користат професионални тимови од велосипедисти, луѓе кои патуваат со велосипед од дома до работа и назад, планинари, пожарникари, атлетичари и секој што сака опрема со високи перформанси.