Дали повеќе се исплатува да се биде хакер или извршен директор на компанија?

- Advertisement -

Сајбер криминалците годишно заработуваат и до 2 милиони евра, што значи исто колку извршните директори на некои поголеми компании. Ова се резултати на истражувањето кое го направи компанијата за безбедност на Интернет Bromium, a пренесува Bizlife.

Еден сајбер криминалец во Велика Британија, на пример, неделно троши до 2.000 фунти на проститутки, додека друг сајбер криминалец во САД троши повеќе од 1 милион евра на скапи спортски автомобили и казина во Лас Вегас.

- Advertisement -

„Просечните“ хакери заработуваат малку помалку од 1 милион евра годишно, а почетната плата во светот на сајбер криминалот е околу 50.000 ерва. Истражувањето кое го спроведе Универзитетот Сари покажа дека сајбер криминалците се многу професионални и ја копираат структурата на легитимните технолошки компании како Uber или Airbnb.

Она што е најинтересно во целата приказна е дека ретко одговараат  пред законот затоа што се виртуелно невидливи, а за властите еден од најголемите предизвици е да се фати еден професионален хакер.

Сподели!
- Advertisement -