Седум прашања кои ќе ви помогнат ефективно да ги поставите целите на вашиот тим

- Advertisement -

Доколку сте лидер кој предводи тим, прво нешто што мора да го направите за да бидете поефективни е да го намалите периодот кој ви е потребен да го имплементирате она што сте го најавиле. Светот на бизнисот е брз и динамичен и освен што ќе бидете ефективни во исполнувањето на целите, мора да знаете и како да ги поставите.

Големите лидери никогаш не работат сами, поради што е клучно да го вклучите вашиот тим во исполнување на целите. Доколку сакате да влијаете и на ефикасноста, прво мора да разберете дека не можете од тимот да очекувате одлични резултати доколку вие како лидер добро не ги претставите целите.

- Advertisement -

Но и поставувањето на целите може да биде предизвик сам по себе, како и одржувањето на насока за нивно остварување. Една анкета покажала дека дури 80% од сопствениците на мали бизниси не го следат посветено работењето на остварувањето на целите, поради што 77% од лидерите не ја оствариле визијата на својот бизнис.

Овие прашања нека ви бидат еден вид на концепт според кој ќе ги поставувате целите за вашиот тим и ќе го следите нивното исполнување.

- Advertisement -

1. Кога е вистинското време да се постават целите?

Одговорот е едноставен: вистинското време е сега. Не треба да чекате повеќе или пак да се впуштате во некоја задача без да имате зацртано што точно сакате да постигнете.

- Advertisement -

2. Дали да ги запишам целите?

Доколку го запишете она што сакате да го остварите, тогаш шансите за успех ви се 80% поголеми. Сѐ додека не го запишете она што сакате да го остварите, ќе биде само желба. Во просек ни минуваат околу 35 мисли низ главата во минута, а ако вашите цели се само во главата, тогаш се нејасни и несигурни.

3. Дали секој ќе ги разбере целите?

Доколку имате ефикасна комуникација со тимот и им ги доловите целите, тогаш тимот ќе биде поефективен во нивно остварување.

4. Какви треба да бидат целите?

За да ги поставите појасно и да ги разбере целиот тим, целите мора да ги назначите според следниве критериуми: да се специфични, мерливи, одржливи и временски остварливи.

5. Дали целите се подредени?

За да ги зголемите шансите за успех, целите мора да ги подредите според личните вештини, вештините на тимот и организациските способности. Анализата покажала дека вработените кои имаат цели базирани на нивните лични вештини ќе бидат седум пати повеќе вклучени во нивно остварување.

6. Дали излегувам од зоната на комфор?

Целите кои ви се предизвик најчесто резултираат со подобри перформанси во работата, и спротивно, доколку целите се лесно остварливи тогаш нема да придонесе и кон личен и професионален развој додека работите на нив. Сепак, внимавајте и да не се целосно неостварливи, бидејќи тогаш само ќе го демотивираат тимот.

7. Дали секој од тимот си го знае следниот чекор?

Поделете го остварувањето на целите и групирајте ги чекорите. На овој начин менаџирањето ќе биде на дневна, неделна и месечна основа, извршувањето на задачите ќе биде попрегледен и на секој од тимот ќе му биде јасно која е задачата што треба да ја заврши следна.

Запомнете, улогата на лидерот е да се осигура дека секој член на тимот ја разбира крајната цел и се стреми да ја оствари.

Сподели!
- Advertisement -