Се одржа првата национална конференција за проектен и ИТ менаџмент во Скопје

- Advertisement -

На првата национална конференција за проектен и ИТ менаџмент која се одржа во Скопје беа претставени многу новитети од овие области, најновите трендови во управувањето со проекти и успешното воведување на промени кои зависат од работата на ИТ, проектните и програмските менаџери. Говореа повеќе влијателни експерти од различни земји кои имаат долгогодишно искуство со Business Analysis, PMP, SCRUM, ITIL, DevOps и ISTQВ, а присуствуваа и многу менаџери на компании, проект менаџери од ИТ и од бизнис секторот, бизнис аналитичари, итн.

Се обработија неколку важни теми меѓу кои: 5 трендови во проектен менаџмент во 2018; Бизнис анализа во корпоративен Value Stream; PMP во пракса; Зошто SCRUM?; SCRUM хибридна методологија во пракса; ITIL – Back to the Future; DEVOPS; ISTQB – Планирање и управување на тестирање со Team Foundation Server.

- Advertisement -

„Сѐ уште сме под импресии од целата конференција, од говорниците, од предавањата, од продуктивната панел дискусија која се разви на крајот… Навистина ни е драго што што имаше огромен интерес, картите беа распродадени во многу брз рок, и оттука се гледа големата потреба од одржување на овој настан со фокус на проектниот и ИТ менаџмент. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на низа од успешни настани од ваков тип преку кои индивидуалците и компаниите постојано ќе ги надоградуваат своите вештини и знаења.“, изјавија организаторите.

Милан Шмигиќ, кој воедно беше и модератор на настанот, говореше за најважните новитети кои доаѓаат од развиените пазари од овие области како подобрување на перформансите на работење на компанијата со примена на портфолио на управување, примена на бизнис анализа, приоритизација на проекти итн.

- Advertisement -

За тоа колку е релевантен ITIL во дигиталната трансформација, говореше словенецот Рок Сајовиц: „Дигитизираните бизнис и ИТ процеси се основа за дигитална трансформација. Првиот чекор кон дигитална трансформација е добро дефинирани процеси и потоа вториот чекор е да се дигитизираат овие процеси. Овде е местото каде што ITIL доаѓа во игра. Компаниите можат да го користат ITIL како упатство за процесирање на дигитизацијата.“, вели Сајовиц. Тој истакна дека е потребно да се применуваат современите технологии и методологии на работа и да се следат светските трендови кои значително ќе го подобрат работењето на организацијата.

- Advertisement -

Во Македонија се отвори и огранок од меѓународниот Институт за управување со проекти. Како што вели Мирослав Аничин, претседател на Институтот за управување со проекти во Србија, со тоа Македонија е запишана на светската карта за најдобри пракси, така што, ќе продолжи и понатаму споделувањето на знаењето како пракса.

Конференцијата беше во организација на Клиар Вју (Clear View BTC) бизнис тренинг центарот и Семос Едукација, тренинг центар за ИТ едукација. Настанот го поддржаа повеќе компании, меѓу кои: Макпетрол-Центар Dell, Систина Офталмологија, Стопанска Банка АД Скопје, Кариерниот центар на Семос Едукација, PMI – Macedonia Chapter, Bella, Тиквеш и Вис Вендинг.

Сподели!
- Advertisement -