Се прашувате кои туристи трошат најмногу пари? Ова се земјите со најдарежливи туристи

- Advertisement -

Кинеските туристи минатата година потрошиле најмногу пари на одмори во светот – 258 милијарди американски долари или 5% повеќе отколку во 2016 година. Далеку зад нив се наоѓаат туристите од САД, кои потрошиле 135 милијарди или 9% повеќе отколку претходната година, пренесува Poslovni Dnevnik.

На трето место се Германците со потрошени 84 милијарди долари, односно 3% повеќе отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Светската туристичка организација UNWTO. Од го потенцираат и порастот на потрошувачката на руските туристи за дури 7 милијарди долари или 13% во однос на 2016 година на 31 милијарди долари, со што повторно влегоа во топ 10 пазари според потрошувачката на туристите, односно на 8 место.

- Advertisement -

„Пазарите во развој имаат клучна улога во развојот на туризмот и многу сме задоволни што гледаме враќање на Руската Федерација и на Бразил, како и континуиран пораст на туристичката потрошувачка во Индија. Растечките пазари за светски туризам придонесуваат за растот и диверзификацијата на пазарите во многу дестинации“ порачуваат од UNWTO.

Сподели!
- Advertisement -