Што се случува со парите фрлени во Фонтана ди Треви – повеќе од 1 милион евра годишно?

- Advertisement -

Ако некогаш сте биле во Рим, сигурно сте ја посетиле најпознатата италијанска фонтана, Фонтана ди Треви. Најголем дел од бројните туристи фрлаат парички во фонтаната за среќа и повторно враќање во Рим.

Рим има повеќе од 2.00о фонтани, што е повеќе од кој било друг град во светот. Од нив дури 50 се сметаат за важни историски споменици. Фонтаната ди Треви е најголемата барокна фонтана во Рим и една од најпознатите во светот. Таа има популарно место за снимање реклами и филмови, а токму еден филм ја поттикна и ја нагласи традицијата да се фрлаат парички во неа.

- Advertisement -

После филмот „Три парички во фонтана“ снимен во 1954 година граѓаните и туристите нагло почнуваат да фрлаат парички за да им донесе среќа. Пред да биде снимен овој филм се верувало дека ако испиете чаша вода од фонтаната, тоа ќе ви донесе среќа, но легендата се променила со тек на време.

- Advertisement -

Просечно дневно од фонтаната се вадат околу 3.000 евра, што значи дека годишно се вадат повеќе од 1 милион евра. Според договорот со Градот Рим, парите од фонтаната секојдневно ги собираат активисти на конфедерацијата од 165 католички организации и ги користат за купување храна и за помагање на сиромашните во Италија, но и во над 200 други земји во светот каде што дејствува конфедерацијата. Caritas пред неколку години отвори и супермаркет со естра намалени цени за сиромашните граѓани.

Сподели!
- Advertisement -