Creative Hub ги најави летните академии за маркетинг и ПР, графички дизајн и Java програмирање

- Advertisement -

По успешното лансирање на двата проекти – Академијата за маркетинг и ПР и Академијата за графички дизајн во пролетниот семестар, Creative Hub Скопје објавува дека поради големиот интерес ќе започне и со летна едукативна програма под мотото „Искористи го летото и започни нова кариера”.

- Advertisement -

Заинтересираните можат да се пријават за една од трите летни академии, и тоа: графички дизајн, маркетинг и ПР и Јава програмирање. Академиите ќе се одвиваат во текот на месец јуни, односно од 4 до 30 јуни, а оние кои ќе ги посетуваат ќе можат да одберат дали да бидат дел од претпладневиот или попладневиот термин.

Creative Hub досега покажа дека е лидер во иновативни едукациони програми токму поради нивниот 5П пристап кој вклучува: програми кои соодвествуваат на потребите на пазарот, основачи и менаџери на елитни македонски компании кои се вклучуваат во улогата на предавачи, посета на компании, настани за вмрежување како и платена пракса за секој студент.

- Advertisement -

Во програмите на Creative Hub досега се вклучија над 15 професионалци како Сузана Никифорова, Емилија Зографска, Сергеј Зафироски, Огнена Васиљевиќ, Татјана Лопарски, Мери Шешо, Радмила Павловска, Ирина Маја, Коста Петров, Марко Марјановиќ, Билјана Северинова, Dreadpen, Горан Костовски [ind.o.g], Павле Миролајски, а посети ни овозможија и агенциите Insider ID, New Moment, Polyesterday итн.  Преку партнерските компании (Happiness.marketing и Insider ID) на Creative Hub, веќе во текот на студирањето неколку студенти посетуваа платена пракса што резултираше и со перманентно вработување.

Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат можат и да аплицираат за стипендија на следниов линк или пак да се информираат на Facebook страната на Creative Hub.

- Advertisement -

Што опфаќаат летните академии на Creative Hub?

Академијата за маркетинг и ПР е наменета за професионалци кои веќе работат во овие области, на кои им е потребна надградена обука, како и за студенти кои допрва сакаат да навлезат во светот на маркетингот и комуникацискиот бизнис.

Академијата за графички дизајн, пак, нуди професионална обука преку изучување на најсовремени софтверски програми за графички дизајн, како и на предмети кои опфаќаат теми како типографија, фотографија и целосна подготовка за печат.

Академијата за Јава програмирање под водство на Ненад Вичетиќ претставува целосно изработена и детална програма за основен и напреден Јава.

Сподели!
- Advertisement -