- Advertisement -
Логото на германскиот автомобилски гигант веќе долга низа години е едно од најпрепознатливите во атомобилска индустрија. Но, се чини дека и нему му се изброени деновите.
Како што наведува директорот за маркетинг на VW, новото лого ќе ја види светлината на денот веќе на почетокот на идната година, пренесува Poslovni dnevnik.
- Advertisement -
Причината за ова е желбата за поемотивно лого кое содржи повеќе бои. Со оглед на светската мегапопуларност на германскиот автомобилски гигант, тешко е да замислиме драстични промени на визуелниот изглед како што се силни и топли бои и мал редизајн на обликот.
- Advertisement -