Овој велосипед е осетлив на допир

- Advertisement -

Холандската компанија за производство на велосипеди ги претстави најновите модели на Smart S и X велосипедите. Компанијата тврди дека со овие велосипеди ниеден крадец во светот повеќе нема да може да украде велосипед. Опремени се со технологија за заштита од кражба и се осетливи на допирот на нивните сопственици. Тоа значи дека кога ќе ги допре некој непознат, почнуваат да ржат како животно се додека не ги остават на мира, пишува PSFK.

Сопственикот на ваков велосипед исто така ќе добива предупредувања преку апликацијата Vanmoof app и доколку некој успее да украде ваков велосипед, тимот од ловци на Vanmoof, кој еднаш следеше велосипед од Париз до Брисел, ќе се обиде да ги најде. Како што луѓето стануваат повеќе свесни за проблемите со загадувањето, сосема има смисла сопствениците на велосипеди да размислуваат слично кога ќе ги заклучуваат велосипедите. Не само тоа. Технологијата која е вградена во велосипедите за превенција на кражба покажува како биометриската технологија може да се користи за заштита на приватната сопственост на ист начин како што ги штити личните податоци на мобилните уреди.

Сподели!
- Advertisement -