Илон Маск најави дека мрежата на Tesla беспилотни возила за споделен превоз ќе стартува во 2019 година

- Advertisement -

Tesla е се поблиску до лансирање на услугата за споделен превоз слична на Uber. Милијардерот Илон Мас изјави дека услугата со автономни возила наречена Tesla Network ќе биде готова до 2019 година. Овие коментари следуваа по објавувањето на приходите на Tesla за првиот квартал од 2018 година.

Маск не најави кога Tesla Network ќе биде готова за корисниците, само дека до крајот на идната година ќе се привршуваат последните фази од развојот. Tesla за прв пат ја најави мрежата во 2016 година и ја опиша како начин сопствениците на луксузни возила да им овозможат на други луѓе да го изнајмат нивното возило.

- Advertisement -

Слично на Uber и Lyft, сопствениците на возила на Tesla кои ќе учествуваат во мрежата ќе можат да заработат од споделување на возилото, пишува Daily Mail. Кога некој ќе сака да го користи нивниот автомобил, ќе може да ја користат Tesla Network.

Маск им кажа на инвеститорите дека овој хибрид на услуга за споделување превоз ќе биде нешто вообичаено во иднина. Тој замислува свет каде што луѓето ги споделуваат своите автомобили и ќе можат да ги нудат на поефективен начин – нешто слично на robo-Uber или комбинација од Uber, Lyft и Аirbnb.

- Advertisement -

Сепак, за да се реализира Tesla Network Маск ќе мора да преброди уште некои пречки врзани за автономноста и регулацијата.

Сподели!
- Advertisement -