Лошите шефови се негативниот фактор во секој бизнис, а секој нов ден кога треба да се појавите на работа, за вас сигурно претставува предизвик знаејќи со што треба да се соочите.
Иако почнувате да размислувате дека нешто треба да преземете, како дел од вработените можете само да упатувате жалби доколку шефот не знае да се однесува како вистински лидер и само ја отежнува работата на тимот.
Ако се соочувате со лош и неинспиративен шеф, научите неколку лекции како не треба да се однесува еден шеф на работното место и во работното окружување.
1. Да ги омаловажуваш вработените е многу непрофесионално
Еден од знаците дека вашиот шеф е токсичен, е фактот дека користи премногу саркастични изјави со цел да исмее некој или да го намали нивниот труд и залагање. Ваквите луѓе не даваат доволно информации за задачата која треба да се заврши, нетрпеливи се и не се посветуваат на вработените толку колку што би требало.
Што можете да научите од ова? Барајте го доброто во луѓето. Сите имаат маани, но важно е да се согледаат вештините на вработениот и да се искористи оваа предност за напредување на проектот. Со ова шефот или лидерот покажува дека го цени вработениот и сите негови вештини.
2. Никој не е импресиониран од „темпираната бомба“
Шефовите кои го губат својот баланс поради ситница, создаваат атмосфера на страв во канцеларијата. Тоа што шефот ќе го зголеми тонот на гласот и ќе вперува со прст во некого може да функционира можеби само доколку се работи за воспитување на четиригодишно дете. Кога се губи контрола на работното место и ситуацијата се комплицира, шефот треба да вдиши длабоко, да изброи до 10, па заеднички со тимот да се обиде да го реши проблемот наместо да бара виновници.
3. Недовербата троши време и талент
Најголемиот дел од луѓето работеле за шефови кои мислеле дека знаат сѐ, дека секогаш се во право и дека никој не може да ја заврши задачата како што може тој. Иако првично сте ја добиле работата поради вашите вештини и знаење, тие се занемаруваат кога шефот се обидува „да шефува“. Она што треба да го направи е да им дозволи на вработените да преземаат иницијативи и самостојно да одлучуваат. Дури и ако некој згреши, не е крај на светот, бидејќи од грешките се учи.