Американската војска има технологија со која може да препознае секого и во тотален мрак

- Advertisement -

Американската војска е одговорна за цела низа изуми и технологии кои ги користиме во секојдневниот живот. Последниот изум е комбинација на вештачка интелигенција и машинско учење и со него може да се идентификува секое лице во тотален мрак, пренесува Zimo.

Термалните камери како Forward looking Infrared се користат во многу воени возила за да се идентификуваат лица и предмети во мрак, но оваа технологија не овозможува само војниците да препознаат дали се работи за животно или човек туку и да утврдат дали се работи за обичен минувач или за некој кого го бараат.

- Advertisement -

Технологијата овозможува поврзување меѓу термални фотографии од лица и постојните податоци за биометријата на лицето од базата на најбарани, појаснуваат од истражувачкиот тим на Истражувачката лабораторија на американската војска. 

За разлика од класичните камери кои во услови на слаба видливост не можат да направат фотографии кои се корисни без дополнително осветлување и на тој начин да ја откријат положбата на војниците, новите термални камери ја бележат топлината и така создаваат фотографии кои досега не можеа да се споредуваат со класичните фотографии.

- Advertisement -

Иако истражувачите веќе докажаа дека ваквиот начин на идентификација е возможен, најавија и дека понатаму ќе го развиваат за уште повеќе да го унапредат. Кога оваа технологија ќе се најде во употреба во војската, а потоа и комерцијално, навистина повеќе нема да можеме да се сокриеме ни дење ни ноќе затоа што овие термални камери гледаат и препознаваат во тотален мрак дури и ако лицето носи капа, очила или има брада.

Сподели!
- Advertisement -