На Германија ќе ѝ недостигаат 5 милиони работници до 2030 година

- Advertisement -

До крајот на следната деценија, на Германија ќе ѝ недостасуваат околу 5 милиони работници, а овој недостаток може да ја чини германската економија 525 милиони евра, покажале резултатите од студијата на консултанската куќа Korn/Ferry.

„Најголема штета од недостатокот на работна сила би можеле да претрпат компаниите во услужниот сектор, како и финансискиот сектор каде до 2030 година ќе недостасуваат 1,2 милиони работници.“, било наведено во студијата „Недостаток на талент“. Се очекува да биде погодена и тешката индустрија што е една од најсилните извозни гранки на германската економија.

- Advertisement -

Уште сега, недостатокот на работници се чувствува во инженерските сектори, односно кај апсолвентите на природните и техничките науки на универзитетите. Интересно е тоа што, до крајот на следната деценија, ќе се зголеми и побарувачката за работници со средно образование и пониски квалификации, а не само за високоспецијализирана работна сила.

Претставници на германските средни претпријатија кои вработуваат најголем дел од работниците во Германија, апелирале до сојузната влада да делува и да ги ублажи проблемите со недостатокот на работна сила со тоа што ќе ја намали бирократијата и ќе воведе промени во германскиот образовен систем.

- Advertisement -

Во првиот квартал оваа година, во Германија имало 1,2 милиони празни работни места при што најчесто се работи за недостаток од квалификувана и високо квалификувана работна сила.

Сподели!
- Advertisement -