Опструктивна слип апнеа (OSA) е состојба која е предизвикана од блокирање на дишните патишта кога мекото ткиво од задниот дел од грлото се опушта за време на сонот. Доколку не се третира, OSA може да предизвика повеќе сериозни здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања, проблеми со меморијата, гојазност и главоболки. Стандарден третман за OSA е т.н „контиуниран позитивен притисок на дишникот“ (Сontinuous Positive Airway Pressure) или CPAP.
Уредите за CPAP го олеснуваат овој проблем, но нивниот лош дизајн предизвикува нелагодност кај корисниците во текот на спиењето и повеќе од 50% од корисниците на CPAP уреди прекинуваат да ги користат уште во првата година. Airing е гаџет кој со својот револуционерен дизајн ќе го промени тоа затоа што пациентите повеќе нема да мора да се мачат со огромни, неудобни маски.
Друга причина зошто пациентите се откажуваат од користење на уредите за CPAP е затоа што лесно се валкаат и мора постојано да се чистат. Тоа не е случај со Airing. Секој Airing уред е дизајниран за еднократна употреба за една ноќ и потоа се рециклира. Како резултат на тоа секоја ноќ пациентите имаат чист уред без потреба да го чистат. Airing исто така не прави ни непријатни звуци како другите машини за CPAP.
Главниот елемент на дизајнот на Airing се микровентилатори слични на тие што се користат за разладување на чиповите во компјутерите. Тие микровентилатори се ставени директно во уредот и нема потреба од дополнителни цевки. Секој Airing уред работи на батерии, па нема потреба од жици. Едноставно го ставате уредот во носот и мирно дишете цела ноќ .