Лепенки направени од мраз се топат откако ќе испуштат лек во телото

- Advertisement -

Никој не сака да го боцкаат со игли, но многу често тоа е неопходно. Лепенки со микроигли пред некое време се појавија како безболна алтернатива, а сега истражувачи од Градскиот универзитет на Хонгконг развија нова верзија на технологија направена од мраз, која уште полесно се произведува и се користи.

Лепенките со микроигли се дизајнирани да се ставаат на кожата како фластер, а на делот залепен на кожата има многу минијатурни игли. За разлика од хиподермичките игли, кои мора да бидат доволно долги за да допрат до вените во кожата, микроиглите се пократки од 1 мм. Тоа значи дека пенетрираат многу плитко во кожата и не ги допираат нeрвните завршетоци, па затоа се и безболни.

- Advertisement -

Вообичаено иглите се направени од биоразградливи полимери кои се разложуваат и испуштаат лекови, вакцини или други терапевтски молекули, но во новата студија истражувачите од Хонгконг направиле игли од мраз. Принципот за тие крио микроигли е речиси ист. Терапевтските молекули се ставени во иглите, иако во овој случај се обвиткани со криозаштитен слој, па замрзнати. Кога иглите ќе навлезат во кожата, се откачуваат од лепенката и во телото кое ги топи го испушаат лекот.

Тимот вели дека мразот има неколку предности во однос на постојните системи. Тој е поедноставен материјал, но исто така остава помалку отпад и мразот може подолго време да ги зачува молекулите поради ниската температура. Единствениот проблем може да биде складирањето и транспортот. Во текот на тесирањето се користеле микроигли од мраз на глувци болни од рак. Откриле дека имунолошкиот одговор на телото на микроиглите од мраз е многу подобар отколку на традиционалните игли или иглите од полимери.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -