Европските лидери на самитот ЕУ–Западен Балкан во Софија ќе пијат врвни македонски вина од „Тиквеш“ и „Домен Лепово“

- Advertisement -

Премиерите и министрите на 28-те земји членки од Европската унија, како и нивните колеги од земјите кандидати за членство од регионот, кои ќе учествуваат на претстојниот, според многумина, исклучително значаен самит за европската перпектива на Западен Балкан што ќе се одржи во Софија, ќе имат можност да се уверат во уникатноста и високиот квалитет на дел од најпознатите македонски врвни вина.

Имено, винската листа на вечерата за добредојде, која ќе се одржи во предвечерието на самитот што почнува в среда, 17 мај, во главниот град на Бугарија, ќе ја сочинуваат четири македонски врвни вина произведени во винарската визба „Тиквеш“ и во бутик-винарницата „Домен Лепово“.

- Advertisement -

Од навистина широкото винско портфолио на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ во оваа прилика направен е избор на две бели вина: врвното тероар вино „Барово“ и ексклузивното „Шардоне“ од премиум брендот „Домен Лепово“ и две црвени вина: „Бела Вода“ и „Домен Лепово Гранд Куве“. За оваа специјална пригода вината кои ќе бидат послужени на самитот имаат специјални, уникатни етикети.

„Ова е голема чест за Тиквеш, но истовремено и огромна можност за промоција и јакнење на имиџот и репутацијата на Македонија како земја во која се произведуваат вина со висок квалитет, кои можат да им парираат и на најпознатите светски вински брендови“ велат од „Тиквеш“.

- Advertisement -

Како специјален „зачин“ на вечерата ќе биде послужен и еден од најрепрезентативните примероци на надалеку познатата тиквешка жолта – специјалната лозова ракија „VS“ на „Тиквеш“, која се прозведува на посебен начин и одлежува подолго во специјални дабови буриња.

Сподели!
- Advertisement -