Zagreb Time Travel – туристите во Загреб ќе добијат виртуелни тури низ историјата на градот

- Advertisement -

 

Десетици илјади туристи кои го посетуваат Загреб од денес ќе имаат можност да отпатуваат во минатото на градот и да запознаат некои од најпознатите луѓе од неговата историја. Имено, денес беше официјално претставена апликацијата Zagreb Time Travel, пишува Zimo.

- Advertisement -

Станува збор за првата виртуелна туристичка тура на Загреб, која најдобрата понуда и атракциите во градот им ги презентира на туристите како едно патување низ времето со помош на современа технолгија за проширена и виртуелна реалност.

Билетот за посетителите, всушност, е таблет кој засега може да се изнајми на три места во Загреб, а креаторите на Zagreb Time Travel се надеваат дека ваквиот начин на посета и запознавање со градот ќе го препознаат и туристичките агенции и ќе го вклучат во својата понуда. Туристичките водичи не мора да стравуваат дека овие тури ќе им ја одземат работата туку треба да ги прифатат како дополнување на нивната тура и како нешто дополниелно што можат да им го понудат на туристите кои ги шетаат по Загреб.

- Advertisement -

Туристите можат да ги користат таблетот и апликацијата самостојно, да го истражуваат градот, да решаваат интересни квизови и задачи, да фотографираат необични визури, но може да ги изнајмат и како дполнителна содржина во класична тура по градот.

Апликацијата корисниците ги води низ 14 битни дестинации, а на секоја дестинација ги чека некој друг лик од историјата на Загреб со интересна приказна и задача. Во план е и соработка со партнери кои на корисниците на Zagreb Time Travel ќе им нудат посебни поволности и попусти.

- Advertisement -

Проектот настана во минатата година и пол. Дека станува збор за интересен и привлечен проект најдобро говори фактот дека за изработка на виртуелните тури се заинтересирани уште неколку градови во Хрватска, но и некои градови од странство. Затоа, нема да не изненади ако за некоја година и по други градови во Европа забележиме луѓе со таблети околу врат кои ја истражуваат историјата на градот.

Како изгледа апликацијата, односно патувањето низ историјата на Загреб и колку е едноставна за користење можете да видите од видеото во прилог.

Сподели!
- Advertisement -