Седмото издание на Womenpreneurs Stories на тема одговорни комуникации и содржински маркетинг

- Advertisement -

Womenpreneurs Stories ќе го доживее своето седмо издание, кое ќе се одржи на 22. мај (вторник) во 19 часот на истата локација, Јавна соба во Скопје. Оваа иницијатива има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот.

На седмото издание на Womenpreneurs Stories, ќе имате можност да се запознаете со Кристина Форстер од Австрија и Бистра Кумбароска – Македонка која живее и работи во Виена, да ги дoзнаете нивните приказни и ќе слушнете повеќе за тоа каков бил процесот на основање на нивната консултантска куќа – Heartbeats Innovation & Communication (weareheartbeats.com), во Виена.

Тие ќе зборуваат за тоа со какви предизвици и можности се соочиле во текот на нивната кариера, зошто е важна одговорната комуникација и што работат во моментот.

- Advertisement -

И двете говорнички доаѓаат од областа на иновациите и комуникацијата, со цел да ја вградат одговорноста и одржливоста во компании и организации во Централна и Источна Европа. Тие, исто така, ќе разговараат за тоа како го нашле својот пат во таканаречениот машки свет на „консултации“ и зошто на светот му требаат повеќе жени лидери во иднина.

Исто така Кристина и Бистра ќе оддржат работилница во која ќе ни покажат зошто вршењето на одговорна деловна работа или работа што има влијание, заслужува и има потреба од силна комуникација. И тоа не само за промоција. Станува збор за комуникација со она што го правите за сите заинтересирани страни вклучени во вашиот бизнис. На оваа работилница, ќе слушнете за најновите методи и пристапи за одговорна комуникација и практични совети и трикови за сите аспекти на контент маркетинг.

- Advertisement -
  • Раскажување приказни – storytelling
  • Рамка на одговорен бизнис
  • Пристап за транскреција
  • Контент Маркетинг (вклучувајќи социјални медиуми, контент микс и SEO Основи)

Кристина Форстер и Бистра Кумбароска се #SwissEP STEs од Виена, Австрија, кои работат со стартапи и организации во Македонија.

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Public Room и Grouper.mk.

- Advertisement -

Картата за настанот чини 300 денари и можете да си ја набавите преку Grouper на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -