Шпанските Балеарски Острови си зададоа навистина амбициозна цел – да станат „најзелената“ туристичка дестинација во Европа и да користат 100% обновлива енергија до 2050 година.
Мајорка, Менорка, Ибица и Форментера планираат да ја забранат употребата на пластика за еднократна употреба до 2020 година, како и да ги затворат сите фабрики кои работат на јаглен.
Плановите на четирите острови се навистина екстремни. Слично на американската сојузна држава Калифорнија, и на островите ќе биде задолжително сите новоизградени куќи и згради да имаат соларни панели на покривите.
Од 2025 година натаму ќе биде забранета и употребата на дизел возилата, а забраната за бензинците ќе стартува од 2034 година. Сите улични светилки ќе бидат заменети со енергетски ефикасни ЛЕД светла.
Што мислите, дали „зелената политика“ на една земја може да влијае врз одлуката на луѓето каде ќе одат на одмор?