Естонија e првата држава во светот која воведува бесплатен јавен превоз

- Advertisement -

Автобусите, возовите и трамваите ќе бидат бесплатни за користење за сите регистрирани дека претстојуваат во Естонија. За да можат отсега да се возат бесплатно со јавниот превоз во Естонија граѓаните ќе треба сами да си купат картичка која чини 2 евра и постојано со себе да ги имаат своите лични карти.

Како што пренесува Euronews, бесплатното возење ќе важи 24 часа дневно, 7 дена во неделата, а ќе започне да се применува од 1 јули годинава. Ниту една држава порано го нема имплементирано овој чекор.

- Advertisement -

Одлуката доаѓа откако пилот проектот за бесплатен јавен превоз кој се спроведуваше само во главниот град Талин се покажа како успешен. Се покажа дека бесплатниот јавен превоз ги стимулира луѓето повеќе да го користат, повеќе да излегуваат и да посетуваат културни манифестации во градот, да посетуваат повеќе ресторани и барови, како и шопинг центри. Бесплатниот јавен превоз придонесува локалните бизниси да напредуваат, а воопшто не претставува финансиски товар на државата бидејќи годишно Естонија собира околу 1.000 евра данок на доход од секој граѓанин.

Сподели!
- Advertisement -