Домашниот ајвар на „Хина“ со шампионска титула на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад

- Advertisement -

Македонскиот ајвар уште еднаш ги потврди својот квалитет и автентичноста по којa е препознатлив насекаде низ светот. Домашниот производител на зимница, „Hina Products“ од Гевгелија освои неколку престижни признанија за своите производи на 85-от Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад.

Кралот на зимницата – домашниот благ ајвар на „Hina Products“ беше прогласен за „Шампион на квалитет“ во својата група производи, додека традиционалните производи лутеница, ѓувеч и благ ајвар беа наградени со три големи златни медали. На „Hina Products“ и беше доделен и пехар за висококвалитетни производи.

- Advertisement -

„Навистина сме горди што добивме вакви признанија за квалитетот на нашите производи на реномирана манифестација со долга традиција, како што е Саемот за земјоделство во Нови Сад. Нашите производи се подготвуваат по традиционален рецепт, од свежи и внимателно избрани зеленчуци и овошја. Овие награди се поттик повеќе да продолжиме да нудиме гарантиран квалитет на домашниот и на странските пазари“ изјави Десанка Алчинова од „Hina Products“.

Домашниот ајвар и домашната лутеница од брендот „Hina Products“ се подготвуваат по оригинален домашен рецепт. Она што ги издвојува од останатите ајвари што може да се најдат на рафтовите во маркетите е дека производите се 100% природни и содржат внимателно избрани состојки, а во исто време се без додатоци на скроб, вештачки бои и ароми. Компанијата има 12-годишно искуство во производството и преработката на овошје и зеленчук.

Сподели!
- Advertisement -