Nacional Geographic стартуваше моќна кампања против пластичниот отпад – Planet or Plastic?

- Advertisement -

Прашањето е едноставно „Планета или пластика?“ (“Planet or plastic?”). Откако се појави, новата насловна страница на списанието National Geographic за јуни, на кое има фотографија од пластична кеса која на површината изгледа како да е карпа, а во длабочината се гледа реалноста многумина се замислија за сериозноста на проблемот со пластичниот отпад. Провокативната насловна страница е симболичен почеток на повеќегодишна кампања за подигнување на свеста за штетата од употребата на пластика за еднократна употреба врз планетата. 

Во контекст на кампањата, сите списанија во САД, Велика Британија и во Индија ќе бидат завиткани во хартија наместо во пластична кеса, со цел до крајот на 2019 година списанието на глобално ниво да се доставува во хартија наместо во пластична кеса. Неделалава списанието ги бомбардира своите 90 милиони следбеници на Instagram со застрашувачки фотографии за загадувањето со пластичен отпад, пишува Fast Company

- Advertisement -

Кризата со пластичниот отпад не е создадена преку ноќ и нема да се реши преку ноќ, но преку одржливо вклучување на консументите, инвестиции во наука и партнерства со организации со слични ставови моќе ефективно да се надмине овој еколошки предизвик, велат од National Geographic.

Брендот на кампањата работеше со агенцијата McCann и направија и видео во кое се објаснуваат основите на проблемот, како и совети за секојдневните штетни рутини на луѓето насловено „How to Cleanse Your Beauty Regime of Microplastic.” Освен тоа, преку National Geographic Society се организира подобро документирање на тоа како пластиката стигнува до океаните.

- Advertisement -

Во партнерство со британската телевизија Sky ќе се доделат 10 милиони долари за идентификување и поддршка на проектите и револуционерните технологии кои можат да го намалат пластичниот отпад во океаните. Исто така, склучи партнерство со брендови како The North Face и Swell за производство на продукти наменети да го привлечат вниманието на кризата и да понудат други алтернативи за пластиката. Соработката со North Face стартува денес со лимитираната серија маички направени од пластичен отпад Bottle Source Collection.

Сподели!
- Advertisement -